• среда, 13 ноември 2024

Мицкоски предложи пакет мерки за ублажување на економските последици од кризата

Мицкоски предложи пакет мерки за ублажување на економските последици од кризата
Скопје, 10 октомври 2022 (МИА) - Лидерот на ВМРО-ДПМЕ Христијан Мицкоски денеска предложи пакет мерки за стопанството, компаниите и граѓаните за коишто се надева дека ќе бидат разгледани од Владата и прифатени. Мицкоски ја повика Владата да ги прифати овие мерки, но исто така критикуваше дека вчера предложените владини мерки се задоцнети, недоволни и не се однесуваат на компаниите. Првиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ е вишоците струја кои ги произведува АД ЕСМ кои се јавуваат во текот на ноќта и викендот да бидат отстапени на стопанството и тоа од 1 ноември до крајот на кризната состојба. Цената, според Мицкоски, нема да надмин 80 евра за мегават часови и се работи за 200 до 250 илјади мегават часови. Според него, за ова да се оствари треба да се интервенира во два закони бидејќи недела е неработен ден, за да може работодавачите да одберат кој ден од неделата би го користеле за слободен ден. Втората мерка е секоја компанија која ќе плати цена на струја за мегават час над цената на регулираниот пазар, половина од разликата да ја превземе државата со субвенција. Според калкулации на ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за педесетина милиони помош кон стопанството за да не ни случи колапс. Мицкоски предложи како мерка викенд без ДДВ за основните прехрабени производи, интервенција во Законот за личен доход за што ќе поднесат измени во Собранието, да се одложи скалестото оданочување од 1 јануари 2023. Последната мерка се однесува на „дестерелизирање на благајничките записи во Народната банка“. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Северна Македонија не е само во енергетска, туку и во економска криза. -Пакетот мерки нема ништо со што ќе се заузда растот на цените на храната, плаќаме најскапа струја во регионот, рече Мицкоски, оценувајќи дека вчлерашниот пакет мерки промовиран од Владата е симболичен и недоволен и „гол маркетиншки трик“. ев/са/

Остани поврзан