• понеделник, 23 декември 2024

Мицкоски по средбата со Генчовска: Да се тргне ветото и да престанат условувањата кон земјава

Мицкоски по средбата со Генчовска: Да се тргне ветото и да престанат условувањата кон земјава

Скопје, 4 јуни 2022

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева оствари средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и предизвиците на Македонија во процесот на европска интеграција. Мицкоски ја истакна загриженоста за европската интеграција на Македонија и побара да се отворат преговорите без условувања.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор кој е резултат на преговори во кој не учествува најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ и преговори кои се на штета на македонскиот народ и неговиот идентитет. Оваа влада нема легитимитет да преговара и да ги нарушува македонските преговарачки позиции.

Мицкоски порача Бугарија да го тргне ветото без одложување и пристапните преговори да започнат што поскоро низ призма на европските вредности и критериуми.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан