• вторник, 26 ноември 2024

Мицкоски од Гази Баба порача дека цели кон создавање иднина за сите генерации

Мицкоски од Гази Баба порача дека цели кон создавање иднина за сите генерации
Скопје, 8 октомври 2021 (МИА) – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски од митингот во Општина Гази Баба порача дека верува во државата и народот и цели кон создавање иднина за сите генерации. Мицкоски го обвини Зоран Заев за ветувањата на повисоки плати. - Какво фајде од неговите лажни 500 евра кога трошоците за живот се многу поголеми од тоа што го зема едно семејство, додаде тој. Пред жителите на Гази Баба тој порача дека ова е борба во која тие веруваат и ја сонуваат, наспроти уривањето на вредностите и кршење на прицнипите. Мицкоски ги повика граѓаните на 17 октомври да излезат масовно и да заокружат 82 за Данела Арсовска, додавајќи дека само така скопјани поддржуваат модерно Скопје и резултати кои ќе дојдат брзо и сигурно. -Жена за градоначалник, професионалец и менаџер на градот. Независна од политиката, човек кој никому не должи и која се нафати успесите на меѓународен план да ги преслика на ниво на град Скопје, повика Мицкоски. На митингот се обрати и кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски, кој порача дека во следните четири години прецизно ќе делуваат во сите области, а фокусот ќе биде насочен кон економијата на локално нив. ки/дма/

Остани поврзан