• недела, 22 декември 2024

Мицкоски: Нова лидерска средба кога СДСМ ќе соопшти кој предлог го прифаќа од двата понудени

Мицкоски: Нова лидерска средба кога СДСМ ќе соопшти кој предлог го прифаќа од двата понудени

Скопје, 14 јуни 2023 (МИА) – Нова лидерска или тимска средба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе иницира истиот ден кога од СДСМ и нивниот лидер Димитар Ковачевски ќе слушне дека избрале еден од двата предлога што им се понудени од опозициската партија – уставни измени со одложено дејство или предвремени парламентарни избори по кои поразениот ќе го поддржува концептот за национално единство и од европските институции да се обезбеди гаранција за македонскиот идентитет.

-Имаат два предлога на маса, нека изберат еден од тие два, не е проблем јас сум подготвен секогаш да разговарам. Но нека изберат кој од тие два предлога - дали овој со одложено дејство кога Македонија ќе биде членка на ЕУ или избори наесен па гаранции, рече Мицкоски во интервју за ТВ Алфа.

Според него, логично е да се зборува за избори затоа што на секое поле, како што рече, „гледаме неспособност и политика што пропаѓа и власт што не може да испорача“.

Откако ДУИ предложи да се спроведе истрага и ветинг на сите политички партии, како што соопшти портпаролот на таа партија Бујар Османи, Мицкоски кажа дека предлага ветинг на сите политичари и дека самиот прв се пријавува.

-Прв се пријавувам за ветинг на мене, моето семејство и на моите блиски. Да видиме како од голтари стануваат милионери по политичката кариера, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. хс/са/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан