• понеделник, 23 декември 2024

Мицкоски на Фејсбук: Јован го наклеветија лажно само затоа што е мој син

Мицкоски на Фејсбук: Јован го наклеветија лажно само затоа што е мој син

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) – Премиерот Христијан Мицкоски денеска на Фејсбук  ја обвини опозициската СДСМ дека ширела лаги за патувањето на неговиот син во рамки на државната делегација во САД, веднаш откако Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на седница утврди дека тој во јули година не патувал на државен трошок на Самитот на НАТО во Вашингтон, како и во Њујорк.

-Со одлуката на Антикорупциската комисија се потврдија лагите на СДСМ. Го обвинија Јован, му судеа и го осудија без притоа да покажат ниту еден доказ. Виновен беше само затоа што е мој син. Останува горчината за лагите на СДСМ и нивните мегафони, посебно што нападнаа тинејџер кој ќе живее, учи и се гради како личност во средина во која политичките лешинари не бираат средства и начин во политичката арена. И тогаш имате морален хазард, истите градат среќа врз туѓото инволвирање во политика, затоа што со реални факти и аргументи не можат. Но вистината победи. Во моето однесување никогаш не сум прекршил закон, тaка и ќе продолжам, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил. 

А ти синко…, додаде во објавата, те молам да ми простиш, не си ти виновен што мора сето ова да го живееш. Заедно ќе живееме за да победиме за Македонија и никогаш повторно ова да не му се случува на ниту еден тинејџер во иднина. вј/ац/

Фото: МИА архива и Фејсбук Мицкоски

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан