Мицкоски на увид на инфраструктурни проекти во општина Гази Баба
- Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе присуствува на почнувањето со градежни активности за реконструкција на улицата Петре Филиповски-Гарката во населеното место Триангла во општина Гази Баба.
Скопје, 27 јануари 2026 (МИА) - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе присуствува на почнувањето со градежни активности за реконструкција на улицата Петре Филиповски-Гарката во населеното место Триангла во општина Гази Баба.
Премиерот Мицкоски подоцна ќе присуствува на поставување камен-темелник за изградба на нова спортска сала во ООУ „Григор Прличев“ во населеното место Железара, каде што ќе даде изјава за медиумите. фф/са/
Фото: МИА архива