• сабота, 23 ноември 2024

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, економскиот развој и борбата против корупцијата

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, економскиот развој и борбата против корупцијата

Скопје, 20 мај 2024 (МИА) - Заложбите на владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, забрзаниот економски развој и борбата против криминалот и корупцијата, истакнал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата, на која присуствувал и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, Мицкоски рекол дека е потребно државата да се стави на брза трака кон ЕУ, но и засилено да се забрза економскиот развој и да се подобри животниот стандард на граѓаните.

- Борбата против криминалот и корупцијата се клучни, бидејќи владата на СДС и ДУИ ја деградираше државата по сите основи, а најмногу на тоа поле. ВМРО-ДПМНЕ ќе работи за сите граѓани на државата, а не како до сега СДС и ДУИ, нагласил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. дма/бак/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан