• сабота, 23 ноември 2024

Мицкоски на средба со Вал: За ВМРО-ДПМНЕ се прифатливи препораките од ОБСЕ/ОДИХР, но Владата не е усогласена за изборниот модел

Мицкоски на средба со Вал: За ВМРО-ДПМНЕ се прифатливи препораките од ОБСЕ/ОДИХР, но Владата не е усогласена за изборниот модел
Скопје, 5 април 2023 (МИА) - За ВМРО-ДПМНЕ се прифатливи техничките препораки и заложби од страна на ОБСЕ/ОДИХР по однос на спроведување на фер и демократски избори, но Владата мора прво да се усогласи кој изборен модел им одговара, а потоа да се разговара за измените во македонскиот Парламент, рече претседателот на партијата Христијан Мицкоски на средбата со амбасадорот Килиан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ во Македонија.
 
Соговорниците, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, разговарале за актуелната политичка и економска состојба и за актуелните измени за Изборниот законик.Од страна на Мицкоски било потенцирано дека состојбата во државата секојдневно станува полоша, поради, како што кажал, „високиот степен на криминал и корупција од страна на владата на ДУИ поддржана од СДСМ и поради катастрофалната состојба во економија и осиромашување на граѓаните“.-Владата треба да се усогласи меѓу себе за тоа кој изборен модел и одговара, па потоа да се разговара во Собранието. Ние сме подготвени да ги прифатиме техничките препораки од страна на ОБСЕ/ОДИХР за да осигураме транспарентни, фер и демократски избори, дециден е Мицкоски.Соговорниците се согласиле средбите и соработката да продолжат и во следниот период. мс/са/
 
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан