• вторник, 24 декември 2024

Мицкоски: На дебата со Пендаровски ќе одам кога ќе биде претседател на СДСМ

Мицкоски: На дебата со Пендаровски ќе одам кога ќе биде претседател на СДСМ

Струмица, 10 април 2024 (МИА) - Откако имав дуел со Ковачевски и потоа не знаеше каде е вратата во „Канал 5“ телевизија, сега му текна на Пендаровски да бара дуел со мене. Може ќе му текне и на Зечевиќ Миле, на Маричиќ Бојан, може и на оној Јово Деспотовски , којшто е претседател на СДСМ во најава, може и на домарот во СДСМ. Јас немам проблем од дуели и дебати. Но, Стево за да ја добие таа чест да имаме дуел и да дебатираме најпрвин треба откако ќе ги изгуби изборите на 8 мај да ја добие довербата на делегатите од СДСМ и да стане претседател на СДСМ, а СДСМ најголема опозициска партија, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во одговор на повикот на Пендаровски за телевизиски дуел со него.

Додаде дека ако не излаже повторно кога Пендаровски рекол ако не е повеќе претседател дека и тој ќе се исели од Македонија.

-Сега и тоа ќе го излаже.  Но, ќе му простиме, бидејќи е претседател во најава за претседател во СДСМ и тогаш можеме да седнеме и да дебатира со идниот премиер на Македонија и да зборува каква е состојбата во Македонија, посочи Мицкоски.

Според него, Стево Пендаровски за да дојде до таа чест и улога треба најпрвин да престане да изигрува балкански мачо маж, да навредува дама со голем кредибилитет, со голем авторитет, како што е професорката Гордана Силјановска Давкова и да кажува дека не ја видел и да се извини за тоа што се служи со навреди.рт/лв/

Фото: принт скрин фејсбук ВМРО ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан