• среда, 25 декември 2024

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕСМ за 25 часа се оштетени за близу 10 милиони денари

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕСМ за 25 часа се оштетени за близу 10 милиони денари
3 септември 2022  Како се пљачка Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ, денешно ЕСМ! ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 1 до 5 август, од 2 до 7 часот во вкупна количина од 1250 MWh. Цената по која овие ноќни вишоци се продадени е 245,37/MWh! За истиот тој период цената на струјата на HUPX (референтна берза при утврдување на цената на струјата во Македонија) е 372,21 €/MWh или по денови: 1 август 359,81 €/MWh 2 август 388,95 €/MWh 3 август 363,474 €/MWh 4 август 377,758 €/MWh 5 август 371,058 €/MWh Разликата во цена е: 1250 MWh x (372,21-245,37)€ = 158.550€ Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 25 часа се оштетени за близу 10.000.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови, напиша претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук. Линк од Фејсбук статус https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/pfbid028V1TBbwm2cFzBWNT1USbM9x8f8aHqb2SCybijGw6X56XTSYMai6dhJHdGhSCpqBjl  Центар за комуникации ВМРО-ДПМНЕ  ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан