• вторник, 24 декември 2024

Мицкоски: Институциите итно да се мобилизираат за справување со пожарот во Тетово

Мицкоски: Институциите итно да се мобилизираат за справување со пожарот во Тетово
Скопје, 8 септември 2021 (МИА) - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски апелира за итна и брза мобилизација на институциите во справување со катастрофалниот пожар во Тетово. Тој на својот фејсбук профил напиша дека ВМРО-ДПМНЕ уште вечерва се става на располагање да помогне во надминување на состојбата. -Изразуваме надеж дека нема човечки жртви. Нашите мисли се со семејствата и луѓето кои вечерва се таму и се соочуваат со оваа тешка катастрофа, наведува Мицкоски. мч/дма/

Остани поврзан