• вторник, 24 декември 2024

Мицкоски: Зголемен прометот од патарините кои завршуваат во буџетот, градиме градинки, училишта, инвестираме во болници

Мицкоски: Зголемен прометот од патарините кои завршуваат во буџетот, градиме градинки, училишта, инвестираме во болници

Скопје, 12 август 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот официјален фејсбук профил објави дека Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во јули инкасирало над 470 милиони денари од патарини што е за околу 16 милиони денари повеќе од истиот период лани, пари, кои според него постоеле и минатата година, но сега се влеале во државната каса.

-Нормализирањето на состојбите во државата значи домаќинско работење, базирано на чесност и принципи. Затекнавме држава во хаос, се бориме да направиме ред и доследност. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски ме извести дека на наплатните рампи во јули 2024 година има промет од 470.194.563 денари што е повеќе за цели 16.071.251 денари, споредено со истиот период лани. Овие пари постоеле и минатата година, само разликата е што не завршувале во касата на државата, каде сега од тие пари градиме градинки, училишта, патишта. Инвестираме во болници, нови работни места, наведува на фејсбук статусот премиерот Мицкоски.

Тој при тоа нагласува дека за разлика од претходната влада оваа работи домаќински и одговорно.

-Разликата е во тоа што се работи домаќински и одговорно. Опозицијата води политика на ситни страсти и со целосна безидејност критикува колку да критикува, но тоа нема да не поколеба да го поправиме тоа што тие го расипаа. Исполнуваме за секој еден човек. Државата на народот, стои на фејсбук профилот на премиерот Христијан Мицкоски. вг/нд/

Фото: МИА Архива/принтскрин

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан