• петок, 05 декември 2025

Мицкоски за случајот со дивоградбата во Чаир: Градоначалничката на Град Скопје има ингеренции и треба да постапува  

Мицкоски за случајот со дивоградбата во Чаир: Градоначалничката на Град Скопје има ингеренции и треба да постапува  

Желино, 22 мај 2025 (МИА) – Градоначалничката на Град Скопје има ингеренции и и ако мисли дека е така, треба да постапува, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја вчерашната постапка на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која вчера од Чаир ги повика надлежните да постапат затоа што на државно земјиште се гради дивоградба.

- Таа има ингеренции и ако навистина мисли дека е така, тогаш треба да постапува затоа што од филозофирање и гола реторика, народот нема фајда, изјави Мицкоски.

Вчера, градоначалничката на Скопје преку пренос во живо на социјалните мрежи информираше дека на државно земјиште во општина Чаир е дозволено да се гради дивоградба. вдј/бак/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан