Законот за правична застапеност мора да биде согласно Уставот, изјави премиерот
- Законот за правична застапеност мора да биде согласно Уставот, правото на загарантирана работа на секој граѓанин и правото на Бадентер. Владината коалиција има демократски механизам како да го реши тоа прашање, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на која со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информираа за Националната стратегија за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој.
Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Законот за правична застапеност мора да биде согласно Уставот, правото на загарантирана работа на секој граѓанин и правото на Бадентер. Владината коалиција има демократски механизам како да го реши тоа прашање, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на која со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информираа за Националната стратегија за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој.
– Бадентерот е уставна категорија и тука не треба никој да има дилема, исто како што е уставна категорија правото на работа на секој граѓанин. Тоа што Уставниот суд одлучи како што одлучи поврзано со балансерот е нешто на кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ предупредувавме, дека треба да се создаден уставен законски механизам и да се создаде закон кој ќе биде во согласност со Уставот и со правото на загарантирана работа на секој граѓанин и правото на Бадентер. Кога ќе биде готов тој предлог-закон, којшто го работиме, имаме ние во рамките на коалицијата демократски механизам откако ќе го изготвиме ќе го пратиме до Венецијанската комисија, ќе го дадеме на увид во јавноста, ќе има јавна дебата, ќе донесеме закон којшто ќе биде уставен и којшто навистина ќе значи правична застапеност и по полови, и по етничка припадност итн. Тоа е суштината, подвлече Мицкоски.
Тој забележа дека повеќе од три денецении државата функционира со хибридни решенија и оти новиот закон мора да биде онака како што треба.
- Доста ни се хибридни решенија. Работиме и мојот личен пристап како претседател на Владата е да креираме решение кое што ќе биде во согласност со овие два принципа. Ќе повторам, Бадентерот е уставна категорија, правото на работа е уставна категорија на секој граѓанин кај нас. Овој закон мора да биде согласно Уставот. Мислењето на Венецијанската комисија е дел од новата методологија на преговори, додаде Мицкоски.
Новото законско решение очекува дека ќе понуди квалитет, а јавноста на крај ќе го даде својот суд, откако ќе биде ставен на увид.
По укинувањето на Балансерот од страна на Уставниот суд, коалицијата „Вреди“ најави дека подготвуваат предлог-законско решение. сс/ац/
Фото: МИА архива