Мицкоски: Вакцините место во јануари стигнаа во мај, 5329 луѓе ги загубија животите
- Лагата нема граница, а кога доаѓа од политичари лакеи на Зоран Заев можеби сме песимисти, можат тие и полошо.
Скопје, 25 мај 2021
Лагата нема граница, а кога доаѓа од политичари лакеи на Зоран Заев можеби сме песимисти, можат тие и полошо.
Најавуваа масовна вакцинација во декември 2020 и додека трчаа по провизии започнавме во мај 2021, убедливо последни во Европа. Според бројот на починатите сме помеѓу првите шест држави во светот.
Денес прочитав на медиумите најава дека пристигнале околи 10500 дози Фајзер вакцини. Тоа што требаше да стигне во јануари или февруари стигна во мај, тоа што треба да е нормално за нив е спектакал.
Е, па да ви кажам нешто, 5329 македонски граѓани немаа можност да ги пречекаат во мај вакцините поради вашата неспособност и желба за провизии, починаа од корона...
Порано или подоцна ќе има одговорност, јас ви ветувам...
Со почит,
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.