• среда, 25 декември 2024

Мицевски: Ставањето на точката за избор за уставни судии на собраниската седница е настан беа преседан

Мицевски: Ставањето на точката за избор за уставни судии на собраниската седница е настан беа преседан
Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - Ставувањето точка на дневен ред за утврдување на предлог за избор на уставни судии е преседан сам по себе, што се нема случено во 30-годишниот плурализам и ова е првпат една Комисија да не ја заврши расправата по точката, а да испрати извештај и тој да се смета за релевантен врз основа на којшто ќе се дискутира на пленарна седница, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на прес-конференција во Собранието. Мицевски најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе разгледа можност за поднесување на интерпелација, но и одредени кривични пријави за, како што рече, „сите оние кои се инволвирани во оваа постапка“. Тој додаде дека расправата по третиот предлог-кандидат во Комисијата се уште не е завршена и точката уште не е утврдена, односно, според него, во целиот случај се постапува неделовнички. - Претседателката на Комисијата за прашања на избори и именувања е злоупотребена и е ставен потпис на извештај којшто го измислиле други умни глави, а таа требала да го реализира, ставајќи го својот интегритет за ваква работа, рече Мицевски. Ова, според него, е „класично изгирување на процедурата“ и „класично кршење на Уставот“. - По доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт, целата постапка на злоупотреба на изборот на уставни судии повторно ќе биде разгледана, рече Мицевски. мс/сп/

Остани поврзан