• сабота, 31 август 2024

Митрополит г. Петар: До Третиот век Божик и Богојавление се празнувале во ист ден

Митрополит г. Петар: До Третиот век Божик и Богојавление се празнувале во ист ден

Битола, 19 јануари 2021 (МИА) - До Третиот век, Божик и Богојавление се празнувале во ист ден на Водици, затоа што се сметало дека денот на кој Христос се родил е денот кога Бог се јавил, односно Богојавление. Подоцна празникот на Христовото раѓање и на Христовото крштевање се издвоени.

Заради актуелните проблеми со коронависрусот, Водици за прв пат како вековна традиција не се одржува со чинот на полагање на Светиот крст, нема групирања ниту масовни собири како што имаше во минатите години, истакна митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар.

-Мора да водиме сметка и грижа за здравјето на сите и затоа годинава на Водици не се врши полагање на Светиот крст во реки, базени или езерски води во нашата епархија. Но, не отстапуваме од традицијата и затоа во храмовите извршивме осветување на Богојавленската вода, верниците може да земаат од таа вода и да ја однесат во своите домови, порача митрополитот г. Петар по завршувањето на богослужбата Златоустова Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола. мт/дма/

Остани поврзан