• среда, 25 декември 2024

Митева: Шилегов не ја врати Треска на скопјани, ја претвори во елитна населба

Митева: Шилегов не ја врати Треска на скопјани, ја претвори во елитна населба
Скопје, 25 јули 2021  Слушнавте што зборуваше Шилегов пред само неколку години, денес овде немаме пречистителна станица, немаме ноќен живот.  Пред неколку дена, владиниот врв на чело со Шилегов присуствуваше на започнување со изградба на елитна, типска населба за домување токму на оваа локација.  Согласно податоците станува збор за околу 142 парцели кои се продадени по цена од 71 денар за м2, додека во слободен промет или реалната цена во овој регион е околу 10 Евра по м2.  Дополнително, говорите им се полни со зборовите зеленило, еколошка функционалност и паркови, а делата полни со бетонизација, дивоградби и новоградби.  Токму во зеленилото над езерото Треска, на површина од 15 хектари ќе никнат овие 142 куќи. Штетата која ќе се направи врз зеленилото е помалку важна за нив, затоа што коалицијата СДСМ-ДУИ ќе ужива во скапа, елитна населба.  Вака работи СДСМ, вака работи Шилегов, со популистички и лажни ветувања во предизборието, а додека владеат сами себе се побиваат со направените дела.
Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан