• вторник, 24 декември 2024

Митева: Се спротивставуваме на обидите пратеникот Драган Ковачки да биде обвинет за наводна злоупотреба на нечија дијагноза

Митева: Се спротивставуваме на обидите пратеникот Драган Ковачки да биде обвинет за наводна злоупотреба на нечија дијагноза

Скопје, 29 март 2023

Реакцијата на власта за наводна одбрана на Славјанка Петровска е уште еден доказ за нивните манипулативни методи, со кои се обидуваат пред се да ја сокријат вистината, а со тоа да презентираат лажна жртва на министерка од нивната влада.

Жестоко и бурно се спротивставуваме на обидите пратеникот Драган Ковачки да биде обвинет за наводна злоупотреба на нечија дијагноза, од причина што тоа што беше презентирано од негова страна е дел од вештачење кое патем го нарачала самата Славјанка со цел нејзината тужба за клевета кон пратеникот Драган Ковачки да делува по веродостојно и вистинито за што бара наплата од 10.000 евра.

Вештачењето самата Славјанка го нарачала, а документот кој пратеникот Ковачки го читаше од собраниска говорница не го направил по сопствено барање, ниту го добил од истрага, туку го добил тоа психијатриско вештачење како документ лично од Славјанка Петровска, кое ако се прочита такво какво што е, таа треба да си поднесе оставка, ако не е нејзината состојба таква каква што е наведена.

Втората можност е министерката за одбрана свесно, да извршила влијание над специјалистот психијатар, да направи извештај во кој што ќе ги преувеличи нејзините последици после медиумското соочување со пратеникот Ковачки, а се со цел да самата министерка го добие судскиот случај и паричното побарување од 10.000 евра.

Јавниот интерес се состои од тоа што додека Славјанка Петровска не пријавила имот и лаже на национални телевизија дека не поседува имот кој што не е пријавен во анкетен лист беше демантирана и презентирано на јавноста од страна на пратеникот Драган Ковачки.

Добро познатите методи на СДС за замолчување и заплашување беа применети и од Славјанка Петровска кон пратеникот Драган Ковачки со поднесување тужба за клевета за овој случај. Воедно да биде ситуацијата полоша од актуелната потврдува и фактот што пред само неколку дена на друга телевизија во интервју, Славјанка Петровска потврди дека адресата на живеење се води на имот во Радишани, а истиот тој имот не е пријавен во ДКСК.

За ова почитувани, ВМРО-ДПМНЕ ниту сега, ниту во иднина нема да молчи, а на СДС им порачуваме дека залудни им се обидите некого да го обвинат за шовинизам додека, истата таа личност која што обвинува лажно морализира.

СДС со начинот на кој што ги злоупотребува сопствените жени министерки во владата и лажно ги претставува за жртви, уште еднаш докажа дека не допринесува за вистинска родова рамноправност, која во ниеден случај не подразбира заштита на жената само заради тоа што е жена, туку подразбира еднаквост, правичност и почитување врз база на остварени резултати, и чесни постапки во политиката.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, интегрален текст од прес-конференција на Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

 

Остани поврзан