• среда, 25 декември 2024

Митева: Го уништуваат Скопје, исечен е дрворедот на улицата Орце Николов

Митева: Го уништуваат Скопје, исечен е дрворедот на улицата Орце Николов
Скопје, 10 јуни 2021 Драги Скопјани, денес сме сведоци на масакар на улицата Орце Николов во центарот на Скопје. Петре Шилегов и Саша Богдановиќ  продолжуваат да го уништуваат Скопје. Решија да го уништат и еден од најубавите дрвореди во Скопје, со срамно образложение дека дрвата биле стари и болни. Не работат ништо, напротив само уништуваат. Ова е вистинското лице на Шилегов и Богдановиќ, ова е нивната поинаква приказна за Скопје. Шилегов, Саша Богдановиќ и Заев на 15 Мај имаа прес конференција на улицата Орце Николов за некаква реконструкција на само еден крак од улицата, зборуваа за некаква нивна заложба за поубаво и поурбано Скопје, а еве после неполн месец од таа нивна прес-конференција денес скопјани се вознемирија од глетката. Погледнете ги фотографиите позади мене, отстранети се 13 дрва. Граѓаните добија ветување од градските власти дека нема да биде исечено ниту едно дрво. Но, еве го резултатот од нивните ветувања! Дали староста и пропаѓањето на дрвјата ја “откривате“ баш тогаш кога вршите реконструкции или проширувања на улици? Ова јасно покажува дека Богдановиќ и Шилегов немаат долгорочен план на одржливост, ниту знаење или свест за тоа што значи концептот одржлив град. А најдоброто за нашите општини е што поскоро да заминете. Доста е! Скопје заслужува подобро! Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан