• вторник, 24 декември 2024

Мистеријата околу една заматена куќа на „Гугл мапс“

Мистеријата околу една заматена куќа на „Гугл мапс“
Кливленд, 17 мај 2022 (МИА) - Кај куќа на една навидум нормална улица во Кливленд, Охајо, САД, од птичја перспектива на „Гугл мапс“ може да се види сивиот покрив којшто се наоѓа меѓу другите куќи, но на опцијата „Уличен приказ“ - куќата е целосно заматена. Причината за тоа е по малку морничава... Домот некогаш му припаѓал на силувачот Ариел Кастро, кој киднапирал три жени и речиси 10 години ги држел заробени токму во таа куќа. Мишел Најт, Аманда Бери и Џорџина Џина де Хесус биле силувани и злоставувани од Кастро до 2013 година. Аманда Бери успеала да дојде до соседите кои потоа повикале полиција. Кастро е уапсен во мај 2013 година и се изјасни за виновен за 937 од 977 обвиненија. Неговата куќа потоа била конфискувана и уништена. Тој почина по неколку месеци. Не е целосно јасно дали на парцелата е изградена нова куќа, но најверојатно таа на интернет е замаглена од приватни и безбедносни причини. Секој корисник може да побара од „Гугл“ да го замати дом на „Уличниот приказ“, преку копчето „Пријави проблем“. Ова често го користат владини функционери, како и други јавни личности. Меѓутоа, штом домот е заматен на „Гугл“, тоа е трајно и нема враќање назад од таа опција. „Уличниот приказ“ често наидува на критики поради „нарушување на приватноста“, но од „Гугл“ велат дека сите фотографии се направени од јавен имот. Исто така, на „Гугл мапс“ се замаглуваат регистарските таблички и лицата на луѓето - поради приватноста.  си/

Остани поврзан