• сабота, 23 ноември 2024

Мисијата на ОБСЕ во Приштина е загрижена за акциите на косовската полиција во ограноците на Поштанска Штединица

Мисијата на ОБСЕ во Приштина е загрижена за акциите на косовската полиција во ограноците на Поштанска Штединица

Приштина, 21 мај 2024 (МИА) - Мисијата на ОБСЕ во Приштина денеска соопшти дека е загрижена за дејствијата на косовската полиција против филијалите на Поштанска Штедилница во општините Лепосавиќ, Зубин Поток, Звечан и Косовска Митровица и повикаа проблемот со „готовинските трансакции“ на Косово да се реши во рамките на дијалогот со посредство на Европската унија.

-ОБСЕ ги поздравува напорите што ги прави ЕУ, како посредник во дијалогот меѓу Белград и Приштина, за изнаоѓање усогласен пат во однос на управувањето со готовинските трансакции. Од суштинско значење е двете страни да продолжат конструктивно да се ангажираат со ЕУ во удвојни напори за решавање на тие прашања во рамките на дијалогот, соопшти Мисијата на ОБСЕ.

Во соопштението се додава дека е неопходно да се избегнат „дестабилизирачки ефекти“ за да станат интересите и благосостојбата на обичните жители од сите заедници во Косово врвен приоритет. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан