• среда, 25 декември 2024

Мисисипи го смени знамето со симболот на конфедератите

Мисисипи го смени знамето со симболот на конфедератите
Вашингтон 1 јули 2020 (МИА) - Гувернерот на Мисисипи, Тејт Ривс, синоќа потпиша закон за промена на знамето на сојузната држава со што го отстрани симболот на конфедератите, кој беше главен елемент на знамето над 126 години. Мисисипи е последната сојузна држава во САД што го употребуваше симболот, кој го загуби статусот откако повеќе од еден месец во САД се одвиваат демонстрации, понекогаш и насилни, против расизмот и убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Ривс, републиканец, сепак е против барањата да се отиде предалеку како снесување споменици на воени личности и политичари од на Југот од времето на Граѓанската војна во САД. Такви спомен обележја веќе се урнаа во повеќе градови низ САД Како што јави дописникот на МИА, во Капитолот во Вашингтон денеска беше отстрането поранешното знаме на Мисисипи и на негово место е ставено таканареченото знаме Магнолија, што го носи државниот грб. кб/

Остани поврзан