• вторник, 26 ноември 2024

Мисајловски: Првата работа за која ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага е борбата против криминалот и корупцијата

Мисајловски: Првата работа за која ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага е борбата против криминалот и корупцијата

Скопје, 8 април 2024 

Продолжуваме со кампањата. Денеска сме во Бутел заедно со заменик министерката за финансии, Елена Петрова и со градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски тука во Визбегово да се сретнеме со неколку компании.

Но исто така, да продолжиме во текот на денот да се среќаваме со различни целни групи, да видиме различни активности на терен што градоначалникот моментално ги работи и потоа на крајот на денот и во Гази Баба.

Јас сакам да се заблагодарам на министерката за овие убави средби со компании, бидејќи може да разговараме со различни компании и да ги понудиме нашите мерки во наредниот период.

Првата работа што ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага, сакам секој еден да знае, е борбата против криминалот и корупцијата. Тука треба најмногу да се удри. Како што спомна и министерката има премногу сива економија, но има многу проблеми како малите компании да се развиваат.

Гледате дека нема ни доволно странски инвестиции, нема ни доволно мерки за малите и средни компании. Тоа ќе биде фокус на ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе биде фокус на новата влада.

Но, за сето ова, сето ова да се промени наредниот период првин ни треба огромна поддршка за нашата претседателка, а тоа е Гордана Силјановска Давкова која треба сите граѓани на 24 април да ја дадат поддршката за нејзе. За новата претседателка, за потоа бранот да продолжи на 8 мај и да се избере нова влада, каде што во новата влада ќе има нови инвестиции, ќе има повеќе работни места. Преку 55 илјади работни места, да има поголема економија, да има еден развој каков што сите очекуваме.

Еве, денес може да видиме на овој потег ветуваа дека автопатот Скопје – Блаце ќе го завршат многу брзо, но еве поминаа седум години нема ниту еден километар изградено. Тоа е СДСМ, тоа е ДУИ. Нас ни треба работа, нас ни требаат проекти, нас ни треба раздвижување во градежништвото, нас ни треба подобра и подобра економија.

Затоа се гледаме на терен секој еден ден и ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат за подобри промени и се разбира за горда и достоинствена Македонија.

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото ВМРО-ДПМНЕ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан