• среда, 20 ноември 2024

Мисајловски: Оваа власт знае дека ќе биде поразена на изборите кога и да се случат

Мисајловски: Оваа власт знае дека ќе биде поразена на изборите кога и да се случат

Скопје, 3 март 2023

Оваа Влада е бајата, најпрво најавите беа дека нема теоретска шанса да има реконструкција на Влада, но видовме една група во ДУИ која се одметна поради лични проблеми и несогласувања кон вицепремиерот Арган Груби и оваа пресметка внатре во ДУИ доведе да власта побара нов субјект што е во опозиција да им направи кворум, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во денешното гостување во емисијата „За или против“ на Алфа Телевизија.

Тој додаде дека Алијанса на Албанците не добила апсолутно ништо.„Алијанса на Албанците која сега влегува во Влада еден до два месеци претходно ја напаѓаа власта и ДУИ но во Собрание правеа кворум и нивните пратеници дозволуваа да започне седница“, рече Мисајловски.Мисајловски посочи дека самата помисла на власта дека на избори ќе изгуби ги тера да нуди се и сешто на другите политички партии за да останат на власт. Ковачевски знае дека кога и да  има избори тој ќе изгуби.

„ДУИ нејќе да оди на избори заради тоа што никогаш немала волку власт и ДУИ владее во државата. Самото СДСМ и оваа структура сега на СДСМ дозволи ДУИ да биде главна партија и тоа ДУИ го користи во овој момент“, вели Мисајловски.

Тој е дециден дека од европски реформи кај власта има само „Евро“ и така и ќе продолжат. Затоа потребни се избори за да се прекине со ова.
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

Остани поврзан