• четврток, 26 декември 2024

Мисајловски: Не само Филипче, треба да си замине целата влада заради огромни скандали 

Мисајловски: Не само Филипче, треба да си замине целата влада заради огромни скандали 
Скопје, 19 март 2021 Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски при денешната средба со граѓаните од општина Чаир, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира информацијата објавена во списанието Економист дека Македонија се наоѓа на трето место по смртност, како и дали ќе се побара став од Лекарската комора за видеото кое излезе по медиумите каде се гледа дека министерот за здравство Венко Филипче оперира без заштитна опрема, рече дека по однос на ова Лекарската комора треба да биде најгласна, но и дека власта секојдневно прави огромни скандали, па поради тоа поднеле интерпелација во собранието за Филипче. Да апсолутно и добро е Лекарската комора да биде погласна и тоа не го зборувам за да и помогне на ВМРО-ДПМНЕ или на некоја друга политичка партија, бидејќи токму од фелата тие треба да бидат што се експерти најгласни за сите овие прашања. Убаво кажавте, да се виде едно видео, јас би коментирал вака, секој ден нешто скандалозно и срамно прави оваа влада. Веќе не може да се набројат скандалите дневно што се случуваат. Ние знаете побаравме и оставка во собранието преку интерпелација за Венко Филипче и тоа е најмалата работа што треба тој како морален чин да ја даде, бидејќи секој ден се случува или некој нов гаф, или некој нов скандал, или некоја нова корупција, поготово во здравството, слушнавте и со вакцините што се правело итн, итн. Навистина многу проблеми, а од друга страна знаете дека на медицинскиот персонал му беше забрането да користи одмор, да патува надвор, додека дел од владата се во Дубаи, Мексико, си ги користат своите одмори, уживаат можеби, но здравствениот персонал, работниците во здравството докторите навистина се мачат, вели Мисјаловски. Тој додаде дека Македонија поминува тешки моменти посочувајќи дека не само Филипче, туку и целата влада треба да си замине. Македонија поминува тешки мигови, како што кажавте вие по смртност сме можеби лидери во регионот и на Балканот и од тоа најмногу се погодени граѓаните. Но, не само тоа. Многу граѓани од страв не може да си ги остварат и другите оние здравствени прегледи што навистина имаат потреба да ги имаат или некои операции што треба веднаш некои зафати да се случат, но поради оваа пандемија гледате преполни болници, а постојано слушаме од власта дека нешто ќе направат, дека ќе стигнат вакцините во јануари, во февруари, во март, а по се изгледа дека ни во март нема да стигнат и затоа се натрупаа волку проблеми во здравството. Но и насекаде во сите сфери. Затоа прво и основно што треба Венко Филипче да направи да си замине од оваа функција, но мислам дека и цела влада треба да си замине. Тоа е суштинскиот проблем, рече потпретседателот Мисајловски. Денеска повторно ВМРО-ДПМНЕ е на терен, како што ветивме, ние ќе бидеме со народот, ќе бидеме со нив да разговараме за сите актуелни прашања. Денеска сме во Чаир со повеќе граѓани да поразговараме, секако овие средби се а отворено, со дистанца бидејќи сите знаеме во каква ситуација се наоѓа Република Македонија. Нема вакцини, граѓаните се премногу загрижени поради секојдневните бројки, масовно власта почнува да спроведува попис, а ние постојано велиме дека не е време за тоа, бидејќи здравјето е пред се. Иако сме спречени да имаме масовни собири, мораме да се гледаме со граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и мораме да го слушнеме тоа што го говорат граѓаните. За секој еден политичар, најважно е вака да се биде на терен, да се разговара со луѓето и да ги слушнеме нивното мислење, се разбира ако има и критики или што сакаат да ни посочат, ние да пренесеме. Важно е да разговараме за здравството, важно е да разговараме за оние проекти кои се ветени, а ги нема. Доаѓаат локални избори, а Чаир е често заборавено место во Скопје и многу малку се работи и гради. Затоа да ги слушнеме сите проблеми, знаме дека и пензиите се најавуваше дека ќе бидат зголемени, но тоа не се случи, капитални проекти се зборува дека постојано ќе се гради нешто, но ништо не се случува, Клинички центар се најавува 4 години, ни тоа нема, реформи се најавуваат во правосудството, но ги нема, вакцини нема, здравството е во колапс. Нема сфера каде оваа власт не потклекна на сите очекувања дека ќе блескаат и ќе има реформи. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на денешната средба со жителите на Чаир, прашан од страна на новинари за големиот револт кај тутунарите кои се жалат за откупот на тутунот, рече дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страната на тутунарите. Тој истакна дека не смее власта да си поигрува со трудот на тутунарите кои чесно и напорно се мачат да си го заработат лебот. -Тутунарите ја имаат целата поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, се разбира и од пратеничката група. Ова го говорам затоа што пред извесно време ние поддржавме закон во Собранието, зборам токму поради нас помина тој закон затоа што немаше кворум во Собранието. Но, ВМРО-ДПМНЕ гласаше за да се продолжи рокот за откуп на тутун, но како што можам повторно да слушнам цените се многу ниски. А тоа се случува поради одреден увоз на тутун од одредени земји. И тоа тутунарите го знаат. Оваа власт крие и сака да сокрие дека нивни структури шверцуваат тутун или го носат тука, го увезуваат за да го продаваат, дециден е Мисајловски. Затоа да не си поигруваат со тутунарите, рече тој, бидејќи тие се луѓе работници кои сакаат само трудот да им се плати и она што го сработиле да им се исплати. -И ние како пратеничка група ќе настојуваме и во иднина да се врати она старо законско решение каде што навистина тутунарите имаа поголеми права и со кое решение тие ќе добијат поголема и реална цена за тутунот. Затоа повторувам ВМРО-ДПМНЕ е целосно на страната на тутунарите, изјави Мисајловски. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан