• недела, 28 јули 2024

Мисајловски: Договорот со Република Бугарија претставува грешка, бидејќи нема реципроцитет

Мисајловски: Договорот со Република Бугарија претставува грешка, бидејќи нема реципроцитет
Скопје, 26 јануари 2022 

„Договорот со Република Бугарија претставува грешка, бидејќи нема реципроцитет. Единствена и најважна работа што ние ја баравме како Република Македонија е тоа да има реципроцитет. Ако Бугарија сега бара Бугарите да бидат дел од Уставот тогаш зошто Македонците да не бидат дел од нивниот Устав“, посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

Мисајловски додаде дека прашањето за македонското малцинство во сопствената држава стана енигма, но реалноста е друга. Во Бугарија има македонско малцинство и не треба да се срамиме од тоа.

„Во судот за човекови права во Стразбур има многу добиени пресуди, но има и пресуди коишто се во процедура. Ние како држава постоиме да ги браниме интересите на граѓаните на Република Македонија, ако тие граѓани се чувствуваат дека се Македонци ние треба да направиме се за нив“, истакна Мисајловски.

Мисајловски потенцираше дека мора да ја знаеме целата политичка содржина на тие 5 точки што се зборуваат, бидејќи тоа е многу важно и тоа е сржта. Тој додаде дека не треба да се заборави дека сите политички партии во Собранието донесоа Резолуција со црвени линии коишто никој не смее да ги помине.

„Во врска со седницата на која што ние како ВМРО-ДПМНЕ го повикавме Бујар Османи, морам да истакнам дека потребно е таа да биде јавна, бидејќи овие прашања не смеат да бидат затворени. Граѓаните потребно е да знаат се во врска со преговорите, бидејќи се работи за нив“, заклучи Мисајловски.

Мисајловски додаде дека во Македонија цвета корупцијата, со толку многу скандали, местени тендери, рекети, секој ден има гафови и наместени постапки во судството. Мисајловски дури  запраша како е возможно оваа власт да се бори против корупцијата, а при тоа против никој од власта нема обвинение. „Ние не треба да гледаме кој е полош на последните Извештаи на Транспаренси,  ние треба да гледаме кој е подобар за да стигнеме меѓу првите во Извештајот на Транспаранси“, посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. Тој додаде дека сведоци се сите граѓани како власта делеше и пасоши на белосветски криминалци и при тоа немаше никаква одговорност. „Зарем некој верува дека првите луѓе не се вмешани во сите овие скандали. Не поминува ни еден ден без криминал, корупција, дрога, пукање или слично. Секој втор ден се пали кола во државата, а при тоа никого немаат фатено. Сведоци сме дека скоро 400 луѓе од СДСМ и власта паркирале бесплатно, замислете никој не плаќал“, истакна Мисајловски. Мисајловски потенцираше дека апсолутно никакви привилегии не се намалени. Ова што се случува со корупцијата и криминалот во државата е срамно и бедно. „СДСМ не може да донесе ништо ново бидејќи кај нив владее клиентелизам. Страшно и болно е што никој не презема никаква одговорност“, заклучи Мисајловски. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивнатасодржина, ниту за евентуалните правописнинедоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан