• петок, 26 јули 2024

Мисајловски го посети Воздухопловниот ВИНГ, благодарност за придонесот при гаснењето на пожарите

Мисајловски го посети Воздухопловниот ВИНГ,  благодарност за придонесот при гаснењето на пожарите

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски, заменик-началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин и началникот на штаб на Командата за операции, бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски  денеска ја посетија командата на Воздухопловниот ВИНГ во Касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

Како што информира Министерството за одбрана, Мисајловски за време на посетата оствари средба со командантот на Командата на Воздухопловниот ВИНГ, полковникот Игорчо Стоименовски и со останатите командири на единиците во состав, на која беше брифиран за состојбите и оперативните можности и капацитети на оваа Команда.

- Мисајловски се заблагодари на пилотите и целиот персонал на оваа команда за придонесот при гаснењето на пожарите во нашата држава и им порача дека активно ќе работи заедно со сите чинители од оваа команда и со Генералштабот да се надминат предизвиците со кои се соочува оваа клучна единица на Армијата, се вели во соопштението. мд/дма/

Фото: Министерство за одбрана 

Остани поврзан