Мировски од Гладијатор освои злато на турнир во Сараево
- Македонскиот кик-боксер Силвио Мировски освои златен медал на Меѓународниот турнир „Гран при на БиХ“ одржан викендов во близина на Сараево.

Сараево, 6 јуни 2021 (МИА) – Македонскиот кик-боксер Силвио Мировски освои златен медал на Меѓународниот турнир „Гран при на БиХ“ одржан викендов во близина на Сараево.
Четиринаесетгодишниот Мировски кој е член на клубот Гладијатор од Скопје, беше најдобар во категоријата Лоу кик -54 кг. за постари кадети.
Од македонските натпреварувачи на турнирот освоени се дваесет медали. зс/