• петок, 20 декември 2024

Минута молк на натпреварите во македонскиот фудбал за жртвите во Турција и Сирија

Минута молк на натпреварите во македонскиот фудбал за жртвите во Турција и Сирија

Скопје, 16 февруари 2023 (МИА) – Претстојниот викенд стартува вториот дел од сезоната во Првата и Втората македонска фудбалска лига во кои натпреварите ќе почнат со минута молк за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

-Комисијата за натпревари одлучи натпреварите од 19. Коло во Прва МФЛ и 16. коло од Втора МФЛ да започнат со едноминутно молчење во знак на трагично загинатите во земјотресот кој минатиот понеделник ги погоди Турција и Сирија, соопшти Фудбалска федерација на Македонија.

Билансот на загинати во двете земји се искачи на повеќе од 41.000 луѓе.ег/свс/

Остани поврзан