• понеделник, 16 декември 2024

Министрите за одбрана на Јужна Кореја, САД и Јапонија во Токио ќе разговараат за заканите од Северна Кореја

Министрите за одбрана на Јужна Кореја, САД и Јапонија во Токио ќе разговараат за заканите од Северна Кореја

Сеул, 22 јули 2024 (МИА) - Министрите за одбрана на Јужна Кореја, САД и Јапонија ќе одржат трилатерален состанок во Токио на 28 јули, соопшти Министерството за одбрана, цитирано од новинската агенција Јонхап.

Јужнокорејскиот министер Шин Вон-сик, американскиот министер Лојд Остин и јапонскиот министер Минору Кихара ќе разговараат за прашањата за зајакнување на безбедносната соработка како одговор на севернокорејските нуклеарни и ракетни закани.

Предвидени се и билатерални средби меѓу министрите на Јужна Кореја и САД, како и меѓу Јужна Кореја и Јапонија.

Министрите за одбрана последен пат се состанаа во јуни на годишниот безбедносен форум Шангри-Ла Дијалог во Сингапур, кога се согласија да ја зајакнат безбедносната соработка. Тогаш министрите одлучија и да ја организираат првата трилатерална воена вежба која заврши на крајот на јуни. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан