• вторник, 24 декември 2024

Министрите за одбрана на Грција и Турција ја истакнале важноста да се намалат тензиите во Источниот Медитеран

Министрите за одбрана на Грција и Турција ја истакнале важноста да се намалат тензиите во Источниот Медитеран
Атина, 16 март 2022 (МИА) – Намалувањето на тензијата во Источниот Медитеран и одржување средба за мерките за градење доверба биле темите за кои разговарале министрите за одбрана на Грција и Турција, Никос Панајотопулос и Хулуши Акар, објави на Твитер грчкиот министер, јави дописничката на МИА од Атина. Панајотопулос и Акар се сретнаа во Брисел на маргините  на НАТО состанокот, а од Министерството за одбрана на Грција соопштија дека на средбата „била истакната важноста да се намалат тензиите и да се консолидира климата на безбедност во Источниот Медитеран, врз основа на меѓународното право и принципот на добрососедство“ и било договорено наскоро да се одржи состанок на кој ќе се разговара за активностите поврзани со мерките за градење доверба. ср/

Остани поврзан