• среда, 02 октомври 2024

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во Либан

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во Либан

Брисел, 30 септември 2024 (МИА) – Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска организира неформална средба на министрите за надворешни работи на Унијата поради ескалација на тензиите во Либан.

На средбата ќе биде разгледувана реакцијата на ЕУ за ситуацијата во Либан.

Израелските воздушни напади врз Либан продолжуваат, а утрово израелската армија нападна цели и во областа Чија, во јужните предградија на Бејрут.

Во меѓувреме, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Насер Канани изјави дека Техеран ќе одговори на сите „криминалните акции“ на Израел, алудирајќи на атентатот врз лидерот на Хезболах Хасан Насрала и заменик командантот на Револуционерната гарда на Иран, бригадниот генерал Абас Нилфорушан. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан