• вторник, 03 декември 2024

Министерство за правда: За девет месеци 14 реформски закони

Министерство за правда: За девет месеци 14 реформски закони

Скопје, 31 декември 2023 (МИА) - Во 2023 година се донесени пет закони, а девет ја поминаа владината процедура, соопшти Министерството за правда, сумирајќи ги резултатите од сработеното во делот на легислативата.

Законите за амнестија на прекршителите на КОВИД протоколите и за изменување и дополнување на Законот за неевидентирани лица во матична евиденција се подготвени од Министерството, а на негов предлог се донесени и законите за вештачење, за Академија на судии и јавни обвинители и за адвокатура.

Девет предлог закони, пак, чиј предлагач е Министерството за правда, ја имаат поминато владината процедура.

Како што е наведено во соопштението  станува збор за Предлог законот за спорт, Предлог законот за помилување, Предлог законот за Канцеларија за поврат на имот, Предлог законот за измени и дополнување на закон за извршување на санкции, Предлог законот за изменување на законот за јавнообвинителска служба, Предлог законот за изменување на законот за судска служба, Предлог законот за правобранителство, Закон за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и Закон за правда за децата. дма/мч/

Фото: Министерство за правда

Тагови

Остани поврзан