• петок, 05 декември 2025

Министерство за култура и туризам: Не е пристигната никаква официјална информација поврзана со изнесените наводи на СКРМ

Министерство за култура и туризам: Не е пристигната никаква официјална информација поврзана со изнесените наводи на СКРМ

Скопје, 8 октомври 2025 (МИА) - Министерството за култура и туризам денеска преку соопштение информира дека до нив не е пристигната никаква официјална информација поврзана со изнесените ставови на Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ).

- Во врска со денешната прес-конференција организирана од Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ), Министерството за култура и туризам ја информира јавноста дека до овој момент до институцијата не е пристигната никаква официјална информација поврзана со изнесените наводи. Министерството нема никакви конкретни сознанија ниту за тоа за која институција се однесуваат истите, се вели во соопштението.

Информираат дека внимателно го следат целиот процес и веднаш штом ќе располагаат со проверени и релевантни информации ќе ја информираат јавноста. мд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан