• вторник, 17 декември 2024

МП: Блупринг групата не треба да избрзува со предвремено излегување од Работната група за изготвување на новиот КЗ

МП: Блупринг групата не треба да избрзува со предвремено излегување од Работната група за изготвување на новиот КЗ

Скопје, 9 октомври 2023 (МИА) - Министерството за правда смета дека Блупринг групата не треба да избрзува со предвремено излегување од Работната група за изготвување на новиот Кривичен законик, и информираат дека работната група е самостојна во своето работење и до сега за ниту една одредба не е вршено влијание кај претседателот или членовите.

- Во однос на ставот на БЛУПРИНТ сметаме дека не треба да се избрзува со постапките за предвремено излегување од работната група од причина што како што беше напоменато од страна на министерот за правда, Кренар Лога, работната група што го изготвува новиот Кривичен законик не учествувала во тие измени што се донесоа од страна на Собранието. Придонесот од граѓанскиот сектор е многу важен поради знаењето кое го има, долгогодишното искуство и вештините со кои располагаат, се вели во соопштението од МП.

Од МП, посочуваат дека процесот на изготвување на новиот КЗ е целосно инклузивен и транспарентен и токму во таа насока е потребно да продолжи заради спроведување целосни реформи во казненото законодавство. Оваа обврска произлегува исто така и од Билатералниот скрининг со ЕУ за донесување на комплетно нов КЗ усогласен со меѓународните стандарди.

Блупринт групата на граѓански организации за реформи во правосудството, претходно соопшти дека се повлекува од понатамошно учество и давање придонес во процесот на изработка на новиот Кривичен законик. Сметаат дека нивнот учество е беспредметно во постапка која, како што наведуваат, суштински го озаконува незаконитото, што е дополнително спротивно на нивната мисија за конструктивно, транспарентно и засновано на докази градење на политики.

Посочуваат дека овој нивни чекор е поврзан со нивната неодамнешна одлука за повлекување и од работната група за изработка на нацрт предлогот за Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка. аа/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан