• вторник, 20 август 2024

Министерот Тошковски позитивен на Ковид-19

Министерот Тошковски позитивен на Ковид-19

Скопје, 19 август 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на својата фејсбук страница објави дека е позитивен на Ковид-19.

Како што информира министерот, оваа седмица работните обврски ќе ги извршува од дома, се до исчезнување на симптомите.

-Ве информирам дека утрово во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ по извршеното тестирање за Ковид 19, резултатите кои ги добив се позитивни. Оваа работна седмица работните обврски ќе ги извршувам во изолација од дома, се до исчезнување на симптомите, напиша Тошковски на Фејсбук. бт/aa/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан