Министерот Тошковски во посета на Секторот за прекршоци кој ќе биде дел од системот „Безбеден град“
- Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Одделот за прекршоци на МВР кој ги процесира и реализира сите прекршочни пријави кои се во надлежност на Министерството.

Скопје, 20 февруари 2025 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Одделот за прекршоци на МВР кој ги процесира и реализира сите прекршочни пријави кои се во надлежност на Министерството.
Целта на посетата била да се запознае со тековната работа на одделот и конкретните предизвици и проблемите со кои се справуваат во одделот со цел унапредување на процесите и нивната ефикасност.
-Подобрување на ефикасноста на сите процеси во Министерството е еден од нашите главни приоритети со цел да понудиме на граѓаните институција која се грижи за нивната безбедност и испорачува брзи и ефикасни услуги во сите сегменти на работењето. Во следниот период планираме преку квалитетна реорганизација на Одделот за прекршоци да го унапредиме неговиот капацитет за да одговори и на потребите на проектот „Безбеден град“, истакнал министерот Тошковски.
Овој проект, додал, ќе биде нова ера, нова страница во унапредувањето на безбедноста на сообраќајот, а Одделот за прекршоци ќе биде составен дел на целокупниот систем. сст/са/
фото МВР