• сабота, 23 ноември 2024

Министерот Стоилковиќ оствари средба со претставници на МАТТО

Министерот Стоилковиќ оствари средба со претставници на МАТТО

Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) - Република Турција е наш стратешки партнер и затоа треба да се подигне нивото на соработка, особено во поглед на трговската размена, бил заклучокот на денешната средба на потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ со претставници на Стопанската комора на Македонија - Турција (МАТТО).

На средбата, како што соопштија од Кабинет на потпретседател на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, присуствувале Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО, Есер Џевахир, заменик-претседател на МАТТО, Билал Суџубаши, копретседател на МАТТО и генерален директор на Халкбанк, Имер Селмани, заменик-претседател на МАТТО и Шахпаз Молалиев, извршен директор на МАТТО.

Тема на разговорите била продлабочувањето на соработката меѓу двете земји, интензивирање на економската соработка со акцент на слободната трговија и поттикнување на турските компании за инвестирање во земјава, како и надминување на потешкотиите со кои се соочуваат. Освен подигнувањето на нивото на соработка, како и создавањето можности и уште подлабоки пријателски врски меѓу двата народа, се наведува во соопштението, се говорело и за положбата на турската заедница во земјава, со ветувањето дека веќе од следната година согласно средствата предвидени со Буџетот и помалите етнички заедници ќе го добијат третманот што го заслужуваат.

- Со предвидениот Буџет за следната година предвидени се средства за невладиниот сектор, особено во поглед на помалите етнички заедници, а тоа значи дека конечно ќе успееме да го реализираме она што подолго време не беше направено и помалите етнички заедници да ја чувствуваат државата како своја, истакнал на средбата вицепремиерот и министер Стоилковиќ, стои во соопштението. цр/ац/

Фото: Кабинет на потпретседател на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците
 

 

Остани поврзан