Министерот Спасовски даруваше крв во Институтот за трансфузиона медицина
- Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска даруваше крв во Институтот за трансфузиона медицина (ИТМ), во рамки на редовните крводарителски акции кои ги организира тимот на профес
![Министерот Спасовски даруваше крв во Институтот за трансфузиона медицина](https://mia.mk/index.php/images/20221112042050_big_730x400_4.webp )
Скопје, 3 февруари 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска даруваше крв во Институтот за трансфузиона медицина (ИТМ), во рамки на редовните крводарителски акции кои ги организира тимот на професионалци Blood Bank – Tenk од Одделот за планирање, организација и реализација на крводарителство при ИТМ.
Како што соопштија од МВР, Спасовски е редовен крводарител, а неодамна даруваше и крвна плазма која се употребува во лекувањето на потешките форми на КОВИД-19. Меѓудругото, тој како поборник за здрав начин на живот и за промоција на вредностите на емпатија и солидарност, и во оваа пригода упатил повик до граѓаните за подигање на јавната свест за чинот на крводарителство преку приклучување во крводарителските акции со кои може да се спаси човечки живот.
- И во оваа прилика сакам да упатам апел до сите граѓани, особено до младата популација, да ги практикуваат здравите животни навики и да бидат на ниво на социјалната одговорност со обезбедување квалитетна, безбедна и достапна крв и крвни продукти за пациентите на кои им се неопходни за лекување, истакнал министерот Спасовски.
Додал дека само со развиена свест и позитивен однос кон највисокиот акт на солидарност - крводарителството, можеме да го постигнеме највисокото ниво на здравствена култура, а тоа е спасувањето човечки животи. цр/вј/
![Спасовски 1](/articles/images/%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%be%d1%82-%d1%81%d0/kM2okV83L/placeholder.webp?use_watermark=0)
![Спасовски](/articles/images/%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%be%d1%82-%d1%81%d0/W1AMz9LVz/placeholder.webp?use_watermark=0)