• сабота, 23 ноември 2024

Министерот Сали најавува серолошка ковид анализа на целата територија на државата

Министерот Сали најавува серолошка ковид анализа на целата територија на државата
Скопје, 11 февруари 2022 (МИА) - Ќе имаме слика и ќе излеземе пред јавноста да речеме дека, според нашите бројки, 41 процент се имунизирани со вакцина, но врз основа на истражувањето, можеби, сме 60 проценти имунизирани на природен начин, вели Беким Сали во гостување во „360 степени“ на ТВ Алсат Министерот за здравство, Беким Сали, зборувајќи за ниското ниво на вакцинација во земјава, рече дека во претстојниот период фокусот ќе биде на лицата постари од 50 години и на оние што имаат една од петте дијагнози што се сметаат за најризичен коморбидитет при разболување со ковид-19. -Една работна група е формирана од Комисијата за заразни болести за да се фокусира на овие пациенти. Ние преку матичните лекари ќе пристапиме до секој од нив со одредување време и место каде ќе се имунизираат, рече Сали. За подобра слика, најави и серолошка анализа на целата територија на државата. -Оваа анализа ќе ни покаже реално колку сме имунизирани. Имаме евиденција колку сме вакцинирани, колку се со една, две, три вакцини, со кави вакцини… Но, знаејќи дека особено сојот омикрон поминува со полесна клиничка форма, голем број од нашето население не отишле за ПЦР-тест или сами го поминале омикронот во домашни услови. И сакаме да имаме јасна слика колку од нашето население го поминале ковидот и врз основа на овие резултати, ќе имаме една слика и мислам ќе излеземе пред јавноста да речеме дека според нашите бројки, евиденцијата која ја имаме, 41 процент се имунизирани со вакцина, но врз основа на истражувањето, можеби, сме 60 проценти имунизирани на природен начин, изјави министерот за здравство.лв/

Остани поврзан