• вторник, 24 декември 2024

Министерот Нуредини и амбасадорката Улман на увид во депонијата Русино

Министерот Нуредини и амбасадорката Улман на увид во депонијата Русино
Скопје, 1 ноември 2022 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман и градоначалниците од деветте општини од Полошкиот плански регион денеска ќе ја посетат депонијата Русино при што ќе извршат увид во напредокот на активностите. Како што е најавено, на теренската посета ќе присуствува в.д. директорот на регионалното комунално претпријатије Бесим Догани и управителот на депонијата Јетон Беќири. Поканети се и директорите на јавните комунални претпријатија на општините од полошкиот регион, претставници на Центарот за развој на Полошкиот плански регион и претставници на Швајцарската амбасада во Скопје. цр/лв/

Остани поврзан