• недела, 22 декември 2024

Министерот Муртезани во прва работна посета на Австрија

Министерот Муртезани во прва работна посета на Австрија

Скопје, 28 август 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, денеска ќе престојува во прва работна посета на Виена, Австрија, каде ќе оствари средба со сојузната министерка за ЕУ и Устав на Австрија, Каролине Едштадлер. 

На состанокот во Виена, информираа од Министерството за европски прашања, се предвидува да се дискутира за билатералните односи, политиката на проширување на ЕУ во контекст на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, со посебен акцент на Планот за раст за земјите од Западен Балкан.

Во тие рамки, министерот Муртезани ќе информирал за Нацрт-Реформската агенда 2024-2027, што претставува сеопфатен и кохерентен пакет на квантитативни и квалитативни мерки, за постигнување на целите за намалување на економската конвергенција. цр/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан