• вторник, 17 декември 2024

Министерот за правда Филков најави дебати од наредниот месец за Законот за судски совет

Министерот за правда Филков најави дебати од наредниот месец за Законот за судски совет

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) - Сакам да порачам дека ќе ги спроведеме неопходните реформи, колку и да се тешки и нема да запреме тука, додека не почнат граѓаните да гледаат со полна доверба кон судовите во постапките за заштита на своите права, истакна министерот за правда, Игор Филков на дебата на тема  „Судски совет на РСМ – Предизвици и препораки за обезбедување на независно судство“, а организирана од страна на Институтот за човекови права.

- Токму затоа е потребно да се насочиме кон решавањето на ситуациите, проблемите и да превенираме во иднина, за да немаме во иднина било каков сомнеж, што можат да ја доведат во прашање независноста, како и стручното постапување на Судскиот совет. Нашиот пристап, пристапот на Министерството за правда во однос на легислативата и промените што ќе следат ќе бидат отворени, транспарентни, а нашите заложби јасни, ги земаме и ќе ги земаме во предвид сите препораки од домашните и меѓународните организации и експерти, кои се однесуваат на Законот за Судски совет, Законот за судови и други, веќе од наредниот месец започнуваме со јавни дебати за Законот за судскиот совет, вели Филков.

Тој посочи дека  дебатите ќе бидат експертски и за кои какошто вели  „сум сигурен дека ќе вродат со плод, особено во деловите од законскиот текст што се однесуваат во делот на дисциплинската постапка, постапка по жалба, изборот и разрешувањето“. Министерот за правда Филков истакна дека токму овие три аспекти ги имаат  увидено како клучни за самиот почеток, за да се оди понатаму со чекорите кон враќањето на довербата во правосудниот систем.

- Но, не секогаш е проблемот во законскиот текст, туку во непочитување, односно спроведување на истиот во пракса. Само со обезбедување на независноста и непристрасноста на ова тело ќе успееме да го вратиме легитимитетот, професионалноста и интегритетот на Судскиот совет, којшто треба да претставува пример и да ужива доверба од фелата. Судскиот совет мора да се докаже како стручно тело, кое ќе биде составено од лица со потврдено правничко искуство, а за кои не смее да има сомнеж за нестручност или било какво политичко влијание, истакна Филков.  

Весна Дамева претседателка на Судскиот совет посочи дека од осбено внимание е да се слушнат ставовите на граѓанскиот сектор, како и на Институтот за човекови права, а кои какошто вели во наредниот период ќе бидат дел од заложбите на Судскиот совет во делот на нотирани критики и можност за подобрување на работата на советот. Забележа дека по добиените 17 препораки од Оценската мисија на Европската унија, како Судски совет веднаш пристапиле на изготвување на Акционен план, во септември 2023 година, со временска рамка, за да какошто вели Дамева тоа не биде активност, која нема да предвиде време на имплементација. Таа истакна дека Акцискиот план е јавно достапен и може да се следи.

-Денес после осум месеци со оглед на тоа што какошто напоменав Акциониот план беше усвоен во февруар месец, со гордост можам да изјавам дека голем дел од тие препораки се имплементирани, а останатите се на пат да бидат имплементирани и нивната имплементација зависи исклучиво од создадената ситуација, на пример избори и унапредување на судии во повисок суд, обезбедување на финансиски средства од страна на министерството за финансии, за целосно спроведување на комуникациската стратегија и други активности, потребата од човечки ресурси, а непосрен е фактот дека сите согласности се одбиени. Но се надевам дека наредниот период ќе има разбирање во однос на овие основни цели, вели Дамева.

Тања Чачарова Илиевска член на Судскиот совет детално се осврна на 17 препораки кои се спроведуваат од страна на советот, за што посочи дека повеќе од две третини се и спроведени, додека за останатите имале објективна пречка, а тоа се спроведување на изборите оваа година. Но, какошто рече и тие се во тек и веќе на наредните седници на Судскиот совет ќе бидат спроведени. На дебата свои говори имаа и претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми и Маргарита Цаца-Николовска, претседателка на Институтот за човекови права. вдј/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан