• среда, 25 декември 2024

Министерот за правда Лога во Хаг оствари средба со претседателот на Европравда, Хамран

Министерот за правда Лога во Хаг оствари средба со претседателот на Европравда, Хамран

Скопје, 15 мај 2023 (МИА) - Соработката меѓу Северна Македонија и Европравда ќе се интензивира и продлабочи во наредниот период. Министерот за правда Кренар Лога кој е во работна посета на Хаг, оствари билатерална средба со Претседателот на Европравда, Ладислав Хамран.

Како што соопшти Министерство за правда, Хамран го истакна задоволството од присуството на министерот за правда Кренар Лога на Конференцијата со која се означува почетокот на Проектот за Западен Балкан и неговата заложба за исполнување на обврските, што ќе придонесат за искористување на поддршката која ја нуди Европравда од аспект на упатување на обвинител за врска од Северна Македонија во Хаг што ќе доведе до видливо зголемување на резултатите во справувањето со прекуграничниот криминал, имајќи ги предвид позитивните искуства во регионот како и градење на националните капацитети.

Лога од своја страна истакна дека е запознаен со досегашната соработка со Европравда како и важноста од исполнувањето на обврските кои не се реализирани од аспект на пристапниот процес.

Министерот ги презентираше активностите кои се преземаат во судството, јавното обвинителство, процесот на дигитализација и носењето на одржливи решенија.

На покана на министерот за правда беше договорено претседателот на Европравда Хамран да ја посети државава. нд/цр

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан