Министерката Костадиновска-Стојчевска во посета на Кривогаштани
- Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе ја посети Општина Кривогаштани, каде ќе оствари средба со градоначалникот Николче Мискоски.

Скопје, 24 јули 2023 (МИА) - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе ја посети Општина Кривогаштани, каде ќе оствари средба со градоначалникот Николче Мискоски.
-За време на посетата Костадиновска-Стојчевска ќе се запознае со инвестицискиот проект за адаптација со пренамена на општинската сала во мултифункционална сала за реализација на културни активности и манифестации, најави Министерството за култура.
Реализацијата на проектот е поддржана со средства од капиталните дотации од Mинистерството за култура наменети за единиците на локалната самоуправа.лв/мд/
фото:МИА архива