Мини-правосмукалка за компјутерот и работните површини
- Направата работи на литиумски батерии со капацитет од 400 минути, кои се полнат преку УСБ-излез, со полнач за телефон, или преку компјутерот.

Лос Анџелес, 3 февруари 2021 (МИА) - „Амазон“ пушти во продажба мини-правосмукалка за работната маса и просторот околу компјутерот што секојдневно го користиме.
Направата работи на литиумски батерии со капацитет од 400 минути, кои се полнат преку УСБ-излез, со полнач за телефон, или преку компјутерот. Уредот наречен „Одистар“ чини 16 долари (13,3 евра).
Оценката на корисниците засега е 4,3 / 5. си/