• петок, 13 јуни 2025

Минесота ја доби серијата против Голден Стејт и се квалификуваше за финалето на Западната конференција на НБА

Минесота ја доби серијата против Голден Стејт и се квалификуваше за финалето на Западната конференција на НБА

Минесота, 15 мај 2025 (МИА) - Минесота се квалификуваше за финалето на Западната конференција на Националната кошаркарска асоцијација (НБА) откако ја доби серијата против Голден Стејт со 4-1.

Во петтиот натпревар од плејофот, Минесота победи со 121:110. Џулиус Рендл постигна 29 поени за победата, а Ентони Едвардс додаде 22 поени и 12 скока.

Брандин Подзиемски постигна 28 поени за Голден Стејт, додека Џонатан Куминга додаде 26 од клупата.

За „Воините“, ѕвездата Стеф Кари не играше поради повреда, а тоа се покажа како клучно за исходот од серијата.

Во финалето на Западната конференција, Минесота го чека победникот од плејоф дуелот помеѓу Оклахома Сити и Денвер. дс

Фото: Архива

Остани поврзан