• сабота, 23 ноември 2024

Минг се повлече од претседател на Кошаркарската федерација на Кина

Минг се повлече од претседател на Кошаркарската федерација на Кина


Пекинг, 31 октомври 2024 (МИА) – Поранешниот кошаркар на НБА лигашот Хјустон, Јао Минг, денеска поднесе оставка на должноста претседател на Кошаркарската федерација на Кина.
На негово место ќе дојде досегашниот потпретседател Гуо Женминг.
Минг беше избран за прв човек на кинеската кошарка во февруари 2017 година, а мандатот му беше продолжен во 2022 година.
За време на неговиот мандат, машката репрезентација на Кина не успеа да се квалификува за олимписките игри во 2021 и 2024 година, додека женската селекција го освои на петтото место на Игрите 2021 година во Токио, а деветтото оваа година во Париз. Женската репрезентација освои сребрен медал на Светското првенство во 2022 година и два златни медали на Азиските игри.
Минг (44) играше за Хјустон во НБА лигата од 2002 до 2011 година, при што осум пати беше избран за Ол-стар натпреварот.
Хјустон го повлече дресот со број 11 на Минг по завршувањето на неговата кариера. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан