• сабота, 23 ноември 2024

Минатата недела санкционирани 229 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

Минатата недела санкционирани  229 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

Скопје, 22 април 2024 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционирале 229 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Во периодот од 15 до 21 април, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 106 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат денеска од ЈП Паркинзи на Општина Центар. ир/мд/

 

Фото: ЈП ПОЦ

 

 

Остани поврзан